Според податоците од аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, од досега пребројаните 100.500 гласови, 54.970 му припаѓаат на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, 33.900 на кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, 2.800 гласале за кандидатот на ГРОМ, Зоран Поповски и 7.800 за Илјаз Халими.
Во ИЗ 7,8, и 9 Иванов има огромно водство со освоени 1.668 гласови пред Стево Пендаровски кој има освоено 187 гласови и Зоран Поповски со 7 освоени гласови.
Денеска македонските граѓани по петти пат избираа претседател на државата. Право на глас имаа 1.779.572 лица запишани во Единствениот избирачки список.