Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ГРОМ: Сомнеж и незадоволство од неважечките ливчиња

0
By Нова ТВ on April 13, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 13, 2014 22:45

Претседателскиот кандидат на Граѓанска опција за Македонија, проф. д-р Зоран Поповски, и лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, вечерва во централниот штаб на партијата одржаа конференција за печат по повод првичните резултати од првиот круг на претседателските избори.

– Очигледно не е надмината црно-белата обоеност на македонската политичка сцена, но, како и да е, мора да се почитува волјата на граѓаните. Јас сакам да им се ззаблагодарам на оние граѓани кои се охрабрија и го дадоа својот глас за мојата кандидатура и за понудата на Граѓанската опција за Македонија. Очигледно е дека ГРОМ станува играч на политичката сцена во Македонија и, се разбира, продолжуваме понатаму – рече претседателскиот кандидат на ГРОМ, Поповски.
Првичните резултати од претседателските избори ги коментираше и претседателот на Граѓанската опција за Македонија, Јакимовски, кој изрази незадоволство во поглед на бројот на неважечките гласачки ливчиња на одредени гласачки места.

– Сакам да им заблагодарам на сите оние граѓани кои гласаа за коалицијата ГРОМ, очигледно тие ќе бројат околу 30.000 во оваа изборна кампања. На кандидатот што води, сакам да му честитам за водството и, главно, сакам да честитам за водењето на кампањата досега. Она што фрла негативна дамка на оваа кампања еголемиот број на неважечки гласачки личиња, што е навистина несвојствено и чудно зашто се работи само за едно ливче и за само четири кандидати, па е симптоматично да има толкав број неважечки ливчиња.

Според нашите сознанија од терен, најголемиот дел, 70 проценти, од тие неважечки ливчиња, се заокружени за кандидатот Поповски или Иванов. На пример, во Злетово, на избирачкото место 1566, од 22 неважечки ливчиња, на 16 се заокружени Поповски и Иванов. На избирачкото место 1566/1, од 15 неважечки ливчиња, дури на 13 е заокружено за Поповски или Иванов, а на избирачкото место 1565, од 26 неважечки ливчиња, 22 се за Поповски и Иванов.

Ова фрла сомнеж дека се работи за тоа што Граѓанската опција за Македонија нема членови во избирачките одбори на овие избирачки места, туку само набљудувачи – рече Јакимовски во својата изјава за медиумите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.