НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Милевски: Се радувам на првиот собир со репрезентацијата, фокусирани сме на Ерменија

0
By НОВА ТВ on August 25, 2021 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски попладнево го образложи изборот на играчи за септемврискиот циклус во мундијалските квалификации, и истакна дека фокусот е насочен кон првиот предизвик Ерменија.

– Одлучив на овој собир да ги повикам фудбалерите кои имаат собрано големо искуство во националниот тим. Во тимот се повикани и неколку повратници, како и тројца дебитанти. Се радувам на овој собир, со нетрпение ја очекувам повторната средба со голем дел од фудбалерите кои беа дел од репрезентацијата до 21 година. Максимално сме фокусирани на првиот натпревар против Ерменија. Станува збор за квалитетна репрезентација која и на минатите средби од Лигата на нации покажа дека е силен ривал со квалитетен селектор, изјави попладнево Милевски на онлајн прес-конференција.

– Искрено жалам што нема да го имаме на располагање во составот Аријан Адеми за септемвриските квалификации. Во комуникација со него и Динамо Загреб, заеднички одлучивме дека најважно е здравјето на играчот, да се заздрави целосно од повредата и подготвен да го имаме на располагање во октомври. Бобан Николов минатата недела беше позитивен на Ковид-19, во очекување сме на неговото следно тестирање, се надевам дека ќе го имаме во составот, додаде Милевски.

Под негово водство во репрезентацијата по подолго време се врати напаѓачот Адис Јаховиќ

-Верувам во квалитетите и потенцијалот што го поседува Адис Јаховиќ, ќе биде од голема важност за тимот во нападот, по заминувањето на Пандев, Тричковски и Велковски. Сега се наоѓаме во некоја транзиција и делумно подмладување и сигурен сум дека момците ќе дадат сè од себе за да го надополниме тој минус што овие тројца го оставаат зад себе. Во репрезентацијата се одлучив да ги повикам Александар Трајковски и Ѓоко Зајков, фудбалери кои немаат настапи во клубовите, меѓутоа имаат големо искуство кое ќе ни биде потребно за септемвриските квалификации. Бејтулаи е на поширокиот список, но моментно на таа позиција на која го планирам, како десен бек, во моментов Стефан Ристовски и Тодор Тодоровски се во подобра форма. Но, тоа не значи дека јас се откажувам од него, а иста е ситуацијата и со Влатко Стојановски. Не се откажувам од нив, ниту имам право да се откажам од нив, но ако не се најдат на овој список сега, не значи дека ќе ги нема и во октомври. Сепак, од нив зависи во каква форма ќе бидат, истакна Милевски.

Македонската репрезентација ги продолжува мундијалските квалификации на 2 септември против Ерменија на домашен терен, по што на 5 септември гостува на Исланд, а три денови подоцна во Скопје ќе ја пречека селекцијата на Романија.

Милевски ФФМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.