Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шеќеринска: Скопје покажа дека сака промени

0
By Нова ТВ on April 15, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 15, 2014 23:48

Во Скопје власта ја губи поддршката. Главниот град покажа дека сака промени. Да го пренесеме тоа насекаде, да го покаже тоа цела Македонија. Единствено народот може да ги донесе промените, кои толку жедно ги бара, повика заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска во Лисиче, соопштува СДСМ.

-Шекеринска влегувајќи во дуќаните и разговарајќи со граѓаните ја презентираше програмата на СДСМ за враќање на средната класа во која акцент е ставен и на развивање на малите и средни претпријатија.

Работиме за да ги платиме трошоците, за две недели три пати кај нас влезе инспекција. Ние постојано сме на удар од власта. Никој кој работи во приватниот сектор не ја поддржува власта поради нејзиниот однос кон нашите бизниси и високите казни кои таа ги наметнува за да ја полни државната каса, се жалеа дуќанџиите.

Граѓаните во разговорите со Шекеринска ги споделуваа и своите искуства од изборите и начинот на кој, како што велат, власта ги притиска гласачите.

Нашиот глас со пари не може да се купи. Ние милостина ниту бараме, ниту сакаме, сите ние сакаме подобар живот, чесно да може да си работиме и да си заработиме, вака една граѓанка коментираше пред Шекеринска.

Жителите на Пинтија кои денеска се сретнаа со Радмила Шекеринска ги споделуваа маките со кои секојдневно се соочуваат. Револтирано коментираа дека власта ги потроши парите за споменици кои не ги решаваат нивните проблеми.

Ние предвидуваме работодавачот да продолжи да плаќа персонален данок на државата, но државата на крајот од годината тие пари да ги врати кај работникот. Со враќањето на ДДВ и персоналниот данок назад кај работниците, семејствата ќе добијат дополнителен приход.

Целта на нашата програма е парите да ги вратиме назад кон граѓаните и нивните семејства, рече Шекеринска.

Таа денеска беше и во посета на Кисела Вода каде оствари повеќе средби со граѓаните од оваа населба.

За зградата на улицата „Михаил Чаков“, за која се алармираше дека има гласачи на непостоечки адреси, граѓаните зачудено коментираа дека од зграда со три влеза се претворила во имагинарна зграда со шест влеза, во која се регистрирани гласачи кои никогаш не ги виделе, соопштува СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 1, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

ВЕСТИ July 1, 2026

Ирска денеска го презема шестмесечното претседателство со Советот на Европската Унија од Кипар, за време…

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.