Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НСДП: Опасна игра на Груевски и Ахмети

0
By Нова ТВ on April 16, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 16, 2014 14:22

НСДП е уверена дека националистичката игра во која ВМРО ДПМНЕ и ДУИ се повеќе се вплеткуваат може да биде трагична за Македонија и да не врати во конфликтната 2001 година, соопштува оваа партија.

Говорите на нагласен национализам и омраза кои лидерите на двете политички партии ги пласираат во своите кампањи веќе резултираат со тепачки и насилство меѓу младите од двете етнички заедници.

И додека меѓуетничката нетолеранција се повеќе се разгорува Никола Груевски и Али Ахмети сложно работат за задржување на власта по секоја цена. Тие најотворено повикуваат на максималистички мандати во Парламентот за да не бидат уценувани едни од други. На ВМРО ДПМНЕ му требало 62, а на ДУИ 25 пратеници.

За каква уцена говори Груевски. Па ВМРО ДПМНЕ имаше дури 64 пратеници кога ги амнестираше хашките случаи, кога во Собраниските комисии се воведе двојазчноста, кога ги промени имињата на повеќе училишта со имиња на албански борци на УЧК и тн.

Очигледно на ред се други отстапки кои ќе следат веднаш по изборите без разлика на тоа колку пратеици ќе освојат едните и другите. Ним опозиција во Парлементот им треба само за нивните одлуки да можат да добијат легитимитет.

Оттаму опозицијата има само две опции или да ја бојкотира таквата власт и да ги остави самите да сносат одговорност за судбината на Македонија, или да ги победи нивните политики на избори.

НСДП во овој момент смета дека со масовна излезност на граѓаните кои и даваат подршка на опозицијата и опозицискиот претседателски кандидат на изборите, поголема и од онаа што власта на сила ја обезбедува, можеме да ја спасиме Македонија, соопштува оваа партија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 1, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

ВЕСТИ July 1, 2026

Ирска денеска го презема шестмесечното претседателство со Советот на Европската Унија од Кипар, за време…

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.