Балканот е експлозивен и треба идните европски пратеници да обрнат внимание на овој регион, изјави претседателот на Европската народна партија во Европскиот парламент Жозеф Дол. Французот Дол ова го вели во интервју за францускиот дневник ДНА.
Зборувајќи за предизвиците кои стојат пред новите европските парламентраци кои ќе бидат избрани на 25 мај на европските избори во ЕУ, Дол предупредува дека освен Украина, внимание треба да се обрне и на развојот на ситуацијата на Балканот:
“Тие брзо ќе сфатат што се случува во Украина во моментов. Но и на Балканот! На Балканот ситуацијата е експлозивна. Ако таму не помогнеме да се воспостави правна држава, тогаш големиот бандизитам, олигархијата и корупцијата ќе продолжат. И нема да може повеќе да се менаџира. Ако вака се продолжи ќе имаме таму револуција и се надевам дека нема да биде војна. Сето тоа ни го рече Обама на крајот на март и тоа многу јасно кога беше во посета на Брисел: Балканот е проблемот на Европа е не САД”, вели Дол во интервјуто.
Дол одлучи да не се кандидира на овие европски избори по 15 години минати во Европскиот парламент каде што во 2007 година стана прв човек на групата на европските демохристијани.