НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на о. Центар,Горан Герасимовски: Одиме на сигурна победа!

0
By Mirjana on August 31, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Горан Герасимовски , кандидат на СДСМ за градоначалник на општина Центар во Фејсбук пост се заблагодари на партијата, семејството и пријателите за поддршката .Тој вели дека пријателите и семејството се столбот на неговата кариера и без нивната поддршка немало да ја добие оваа шанса . Герасимовски во своето прво обраќање по кандидатурата вели дека очекува победа уште во првиот круг. Еве што меѓу другото напиша Герасимовски на ФБ:
„Сакам да изразам огромна благодарност за поддршката и довербата која ја добив од СДСМ и раководството на партијата да бидам кандидат за градоначалник на Општина Центар. Центар е местото каде што сум роден, пораснав и каде денеска живеам со семејството. Моја обврска како граѓанин, но пред се како иден градоначалник е да го
направам Центар подобро место за живеење за сите сегашни и идни генерации.
Одговорноста е многу голема за што сум целосно подготвен и ветувам максимална посветеност во работењето. Одлично ги познавам потребите на граѓаните во секоја населба и во секое маало. Во изминатите четири години како претседателе на ОО СДСМ Центар се запознав со илјадници луѓе и слушнав исто толку животни приказни. На стотици средби со граѓаните добив низа конструктивни предлози, мислења и идеи за тоа што треба да направиме за поквалитетен живот. Центарци секогаш точно знаеле што сакаат и што е најдобро за општината. Тие исто така знаат да го вреднуваат сработеното, а јас се обврзувам секој денар од буџетот да го насочиме кон унапредување на состојбите. Сите овие нивни идеи, барања и потреби ќе бидат дел до мојата програма која ветувам дека целосно ќе ја реализирам.
За крај, мојата кандидатура немаше да биде реалност без силната поддршка од семејството и моите пријатели. Тие се столбот на мојата кариера и ќе останат мојата главна мотивација во работењето.
Сакам да изразам исто така благодарност на сегашното раководство на општината и градоначалник Саша Богдановиќ кои реализираа низа успешни проекти за граѓаните.
Драги пријатели,

На 17 октомври во Центар ќе оствариме уште една голема победа во првиот круг. Но победата е само првиот чекор од патот кон целта. Потоа, не очекуваат четири години во кои ќе треба да ја оправдаме довербата и ова ќе биде главниот предизвик. Барам поддршка од сите вас за да докажеме дека можеме и умееме многу подобро!

Горан Герасимовски Кандидат СДСМ о.Центар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.