„Сојузот за иднината“ и денеска го продолжи протестниот караван. Со паролите „Оди си“, „Доста е“, „Отпор против режимот“, „Слобода за медиумите“, здружената опозиција низ улиците на Скопје побара предвремени избори, како решение на моменталната политичка криза во Македонија.
Горан Мисовски упати порака до премиерот Никола Груевски и, како што рече, до партиските медиумски мегафони кои објавуваат дека има разногласие во опозицијата.
„Никогаш поцврста не била опозицијата. По „црниот“ понеделник кога насилно беа исфрлени новинарите и пратениците, ние не се враќаме во Парламентот.
– Без договор за предвремени парламентарни избори, на локални избори не излегуваме. Доколку нема договор ние ќе ги вратиме мандатите. Чуму ни се мандати во партиско-полициска држава“, изјави Горан Мисовски.
Видеото е преземено од a1on.mk