Поранешниот струшки градоначалник Рамиз Мерко го оштетил буџетот на општина Струга за десеттина илјади евра, обвини актуелниот градоначалник Зијадин Села. Тој изјави дека дел од објектот каде што е сместен Меѓународниот Универзитет во Струга Мерко го легализирал како објект за живеење, а не како деловен објект. За тоа Села достави и документација.
„Имавме една одлука за ревидирање на легализациите кои се направени и најдовме еден предмет во кој длабоко е навлезен поранешниот градоначалник на Струга и сега кандидат за пратеник на ДУИ, Рамиз Мерко. Нанесена е штета на граѓаните на Струга, на нашиот град, на нашите граѓани во висина од 71000 евра. Имам еден предмет кој е потпишан од Рамиз Мерко. Се работи за изградба на објектот каде е сместен Универзитетот. Тој си зема дозвола и истата ја пречекорува со 882 м2. Со почнување на законот за легализација тој го има легализирано овој дел иако еден градоначалник не смееше да си дозволи да изгради еден нелегален објект бидејки во тоа време кога е земено барањето не се знаеше дали ќе има закон за легализација или не,“ рече Села
Лошиот пример кој го има дадено на граѓаните е причина зошто во Струга во изминатите години се случи невиден хаос, тврди Села.
„Со правилникот донесен од страна на Општина Струга легализација на деловни објекти , а Универзитетот е деловен објект се прави за 3200 ден по м2. Од друга страна објектот е легализаиран како објект за живеење за 900 е односно 1 е по м2.Нанесена е штета од околу 46000 евра. Другиот објект е со поврпина од 500м2. Барањето за легализација е направен во име на Меѓународниот Универзитет во Струга. Ова е еден од многуте предмети за кои се заинтересирани и истражните органи. За некои од нив и ние доставивме документација. Се работи за предмети за кои не се отварани тендери, Има низа случаи за кои понтаму ќе ве информираме. Ова е една организирна работа“, вели Села
Мерко за медиумите ги отфрла обвинувњата и вели дека сето тоа било шпекулација и во интерес на предизборната кампања.