НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шуто Оризари остана без гинеколог

0
By Менче Атанасова Точи on April 18, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Во населбата Шуто Оризари нема гинеколог. Жените се револтирани бидејќи се принудени да патуваат во други скопски населби каде што најчесто не ги примаат бидејќи лекарите го исполниле бројот на предвидени пациенти, а таму прегледите им ги наплаќаат. Оваа населба има околу 40 000 жители и ургентна потреба од гинеколог велат граѓаните на Шуто Оризари.

-Треба да има гинеколог, мора некаде и ние да одиме на преглед. Птуваме до населбата Железара или во други населби каде што ни ги наплаќаат прегледите иако се бесплатни, изјави жителка на Шуто Оризари.

Единствениот гинеколог кој бараше да работи во поликлиниката, не доби концесија од Министерството за здравство и пред шест месеци си замина од таму. Тој за НОВА вели дека цела година чекал Министерството да ја регистрира ординацијата, да ја адаптираат во гинеколошка ординација но, од тоа ништо.

-Повеќе од 20 пати бев кај Министерот Тодоров, разговаравме но, на крај морав да си ја соберам мојата опрема и со заминав во поликлиниката Чаир каде што добив концесија, изјави за НОВА Нухо Ибраими гинеколог.

Министерот Тодоров неколку пати ветуваше дека општина Шуто Оризари ќе добие гинеколог , но не додели концесија на никого.

Здравствениот медијатор, кој е посредник меѓу Министерството и пациентите вели дека жените од населбата се соочени со голем проблем. Тие нема каде да се обратат за нивните здравствени проблеми, нема кој да ја следи нивната бременост, со што се става во опасност нивното и здравјето на нивните бебиња.

Невладината организација Хера има гинеколошка амбуланта но, таа е намената само за помладата популација девојки и одредена таргет група, за сексуално преносливи болести.

Од Министерството за здравство не одговорија на прашањето на НОВА зошто во Шуто Оризари жените се оставени без матичен гинеколог и дали наскоро ќе им биде остварено правото на здравствена заштита со што се овозможува превен ција за која толку многу се зборува во ресорното министерство. Повеќе на оваа тема погледнете во видеото.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.