Демократијата и слободата се вечни, а диктатурата и заплашувањата се привремени. Вакви пораки упати лидерот на ДУИ Али Ахмети од предизборниот митинг на ДУИ во Куманово.
Ахмети, нарекувајќи ги срамни обидите за заплашување на малцинството вели дека „мнозинството има одговорност за тоа како да третира едно малцинство. Јас сум сигурен, а им реков и ним: слободата, демократијата се вечни. Диктатурите, заплашувањата се привремени, немаат долг век“.
– Бев загрижен во Ресен и Битола каде ги заплашуваа Албанците, и тоа е срамно. Им кажав дека диктатурата, заплашувањето и фашизмот се само времени, така нема иднина. Каде умре Милошевиќ, умре и диктатурата. Гледате дека и Србија сега се приближува кон Европа, таму треба да одиме сите! – говореше Ахмети пред кумановци.
И на миитингот во тетовско Тераце тој истакна дека не посакува повторување на минатото со конфликти и страдања, па неговата партија инвестира во добри меѓуетнички односи и влез во ЕУ и НАТО, што значи бришење на границите.