Лидерот на Европската народна партија Жозеф Дол со пораки за поддршка за премиерот Груевски и претседателот Иванов на престојаните избори.
„ВМРО-ДПМНЕ е почитуван и клучен партнер во политичкото семејство и Никола Груевски и Ѓорѓе Иванов може да смета на поддршката на Европската Народна Партија“ вели Дол.
Тој е убеден дека Иванов ќе ја води државата во вториот мандат со истата мудрост и достоинство кои ги покажа во првиот мандат. Тој нагласува дека државата под водство на владата на Груевски ја либерализира економијата, се задржа дисциплината во јавните финансии и се надмина бурата предизвикана од глобалната финансиска криза и затоа македонската економија бележи брз раст.