Непознати сторители ноќеска демолирале три штаба на ВМРО-ДПМНЕ и изборниот штаб на СДСМ во општина Чаир. Биле искршени прозорците и стаклата на влезните врати на штабовите на месните комитети “Рајко Жинзифов” и “Васил Главинов” во населбата Топаанско Поле, како и на штабот на месниот комитет „Александар Македонски” во Чаир.
Во изборниот штаб на СДСМ во Чаир исто така била причинета материјална штета и биле искршени прозорците.
Полицијата изврши увид и трага по сторителите, јавуват медиумите.