Владимир Жириновски, руски политичар од екстремната десница познат по поддршката кон рускиот претседател Владимир Путин, имаше шовинистички испад за време на конференцијата за новинари.
Откако бремената новинарка Стела Дубовитскаја му постави прашање поврзано за руските санкции кон Украина, Жириновски ги изгуби живците, почна силно да вика, а потоа обраќајќи се кон своите соработници извика: „Силувајте ја жестоко“.
Откако двајца негови помошници тргнаа кон новинарката, во судирот се вклучи и друга новинарка Јулија Чучалова, која застанувајќи во одбрана на својата колешка му се спротивстави на Жириновски. По што разжестениот политичар и се обрати незе со зборовите:
„Вие сте лезбејка, бегајте оттука! Марш, надвор, проклети лезбејки“.
Овој испад е пријавен пред Советот за етика, а според локалните медиуми бремената новинарка од шок завршила во болница.