Демолиран е локалниот штаб на ДУИ во прилепското село Канатларци каде партијата на Али Ахмети за прв пат излегува со пратенички кандидати.
Носителот на листата за пратеник во четвртата единица, Неџати Јакупи, изјави дека штабот на неговата партија ќе продолжи да функционира, иако тој е речиси целосно искршен.
Од МВР велат дека работат на расветлување на случајот и на откривање на сторителите.
„Мислам дека овој случај е без преседан и поттикна гнев кај домашниот народ и поддржувачите на ДУИ. Како што е познато во јавноста, ДУИ за прв пат се натпреварува во оваа изборна единица и имаме активности речиси еден месец и тоа како што правиме низ сите други региони“, изјави Јакупи.