Проектите на Владата не се еднострани проекти. Владината програма се состои од пресликување на програмата на ДУИ и програмата на ВМРО-ДПМНЕ во 2013 година. Обидот за прикажување за еднострани проекти не ја водат државата напред. Патерналистичкиот став на политичарите кон албанскиот народ е дел од минатото, посочи Бујар Османи од ДУИ како одговор на видео-пораката на Груевски кон Албанците.
Во пораката која беше објавена неодамна, Груевски вели дека сака преку неа да го разбие стереотипот што го ширеле политичарите Албанци, дека оваа влада не работи во корист на Албанците туку само за Македонците, и им го одвлекувала вниманието со национални теми.
Од друга страна, според Османи, Албанците си имаат легитимни претставници и нивната волја се одразува преку нивните легитимни претставници во институциите на системот.