НДП преку службата за информирање објави дека во Општина Гостивар се подготвува тешка изборна манипулација со личните карти од луѓето кои се наоѓаат во странство.
„Според изворните информации од теренот вкупно се донесени 3.000 лични карти од луѓето кои живеат во странство, а се очекува некој друг да гласа во нивно име” –велат од НДП.
Бараме од надлежните органи сериозно да се занимаваат со ова подготовка на изборна манипулација или во спротивно самите ќе преземеме мерки истото да го спречиме – стои во соопштението на НДП.
Сите наблудувачи на НДП во гласачките места се снабдени со современа технологија за да снимаат секоја личност кој ќе се обиде да гласа место друг и истите ќе бидат пријавени кај надлежните органи –порачуваат од НДП.
НДП немада попушти во оваа намера и е максимално подготвена за изборните манипулации кои се прават во име на демократијата, особено во Општина Гостивар.
Оа партијата апелираат никој да не се обиде да прави вакви манипулации затоа што не се оди 5 год. во затвор за ниедна политичка партија – стои во соопштението на НДП.