Претставничката на ОБСЕ/ОДИХР, Елен Шустик, на денешната средба со генералниот секретар, Оливер Спасовски, повика СДСМ да ги евидентира и документира сите докази за изборни нерегуларности и да ги достави како до надлежните институции во Македонија, така и до набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР.
Со внимание следиме што се случува за време на кампањата и изборите, рече претставничката на ОБСЕ/ОДИХР. Таа сакаше да слушне изворно за оценката на СДСМ за досегашниот тек на кампањата и за искуствата на СДСМ во изборниот процес, соопштуваат од СДСМ.
Генерачниот секретар Спасовски информираше за забележителен притисокот врз гласачите од страна на владеачката партија, ВМРО ДПМНЕ, којашто ги користи државните институции за поткуп, уцени и корупција на гласачите.
Актуелните функционери кои се носители на листи, министерствата на чиешто чело се 8 години, се претворени во штабови и државните ресурси употребуваат за изборна кампања. Со тоа не се почитува една од основните препораки на ОБСЕ/ОДИХР за одвојување на партијата од државата, што е нотирано и во извештајот на набљудувачката мисија.
Претставичката на ОБСЕ/ОДИХР се интересираше и за однесувањето на медиумите кон учесниците во изборниот процес.
Генералниот секретар на СДСМ како највпечатлив пример за селективното известување на најголемиот дел од медиумите, вклучително и на националниот сервис, МРТВ, го предочи игнорирањето на прес конференнциите на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на коишто се изнесуваат информации за коруптивен скандал во којшто е инволвиран директно премиерот и претседател на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.