Потпредседателот на ДПА и носител на пратеничката листа на ДПА во Првата изборна единица, Беким Фазлиу денеска на прес-конференција во седиштето на партијата во Тетово ги обвини ДУИ за уцени, закани и притисоци врз гласачите.
– Ги принудуваат администраторите и сите други вработени да составуваат листи, или во спротивно ќе бидат избркани од работа. Се обидуваат да ги заплашуваат луѓето во секакви варијанти, праќајќи им СМС пораки и во последно време преку пошта им праќаат писма на Албанците. Ова е уште едно кривично дело- Македонски Пошти се ставаат во партиска служба – рече Беким Фазлиу од ДПА.
Тој изјави дека за сите овие случаи ги запознале дипломатските претставништва акредитирани во Скопје.
– Почитувани административци, полицајци, вработени во здравство, наставници и сите други вработени не подлегнувајте на овие уцени и закани, затоа што ДУИ ниту сега не е на власт, а камоли после 27 Април – порача Беким Фазлиу.
Тој ги повика Албанците масовно да излезат на гласање и со нивниот глас да ја казнат ДУИ бидејќи, затоа како што рече, со победата на ДПА ќе заврши и агонијата на Албанците.