НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Не бегаме од проблемите со човековите права и владеењето на правото, напротив сакаме да ги решиме

0
By НОВА ТВ on September 12, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Секогаш кога како земја добиваме меѓународен извештај поврзан со човековите права, владеењето на правото, корупцијата или било која област, го гледаме како водич за тоа како да се подобриме и што да направиме повеќе од она што го правиме, вели министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за МИА, дадено за време на неговата посета на Стразбур.

– Така што сите овие извештаи се добредојдени, бидејќи ни помагаат како да ја подобриме и легислативата и законодавството и институционалната пракса. Ние не бегаме од проблемите, не ги замолчуваме или замижуваме, напротив сакаме да ги решиме. Затоа со внимание пристапуваме кон секој ваков извештај и како Влада веднаш подготвуваме акциски план за нивно решавање, додава министерот за првада.

Тој нагласува дека земјава добива позитивни извештаи од Европската комисија за постигувањата во делот на европските вредности, како што се демократија, владеење на право и човекови права, корпус на обврски што произлегуваат од членството во Советот на Европа и се неизбежни во нашата европска интеграција.

– Имаме навистина видлив напредок и во делот на слободата на изразување, во делот на заштита на етничките групи и во делот на заштитата на другите слободи како што е слобода на организирање, како и на заштита на човековите права… последните неколку години имаме многу голем напредок и во делот на борбата против дискриминацијата и во заштита на поединечни категории, како што се права на децата, зајакнување на позицијата на новинарите за да се придонесе за зајакнување на слободата на изразување. Сите тие чекори се добро валоризирани и добро познати тука, ние ги претставивме и сигурен сум дека ќе влезат во европските извештаи, кога тие ќе бидат објавени на есен, вели Маричиќ.

Министерот Маричиќ престојуваше во неколкудневна работна посета на Стразбур, каде одржа повеќе средби, меѓу кои и со претседателот на Европскиот суд за човекови правда Роберт Спано, генерална секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ-Буриќ и со претставници на Венецијанската комисија. Маричиќ во Стразбур потпиша повеќе документи и договори.

Тој во интервјуто нагласува и дека на средбата со претседателот на Европскиот суд, Спано не разговарале за ниту еден конкретен случај против земјава пред Трибуналот, па ни околу амнестијата на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов.

– Ние веќе објавивме дека во средината на јуни, нашиот владин агент ја претстави одбраната и испрати одбраната до Судот и сега тој документ со нашата одбрана е на разгледување кај апликантите, односно спротивната страна и сега  се очекува одговор од апликантите, после што ние како влада ќе добиеме шанса да одговориме на нивните наводи и потоа Судот ќе треба да одлучува во текот на наредната година, додава Маричиќ.

маричиќ Права правда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.