НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев и Пендаровски во Карпош: Гласајте за слобода на 27 април

0
By Нова ТВ on April 23, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Вие покажавте дека си ја сакате државата. Вие сте предвесникот на промените. Вие извојувавте двојна победа. Затоа сакам да испратам една порака од слободарски Карпош. Првата наша мерка на 27-ми април ќе биде слобода за сите граѓани на Република Македонија, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашниот граѓански собир во Карпош.

Да живееш во Македонија е предизвик, да се бориш за слобода демократија и за подобра иднина е света работа. Нам ни припадна борбата за слобода, за демократија и за иднина на нашите деца и внуци. Ние не заслужуваме да живееме во недемократска и криминална Македонија.

Затоа оваа борба ќе продолжи се додека Груевски не си замине. За наше добро, за доброто на идните генерации, за доброто на Македонија, истакна Заев на собирот.

На граѓаните на Карпош им се обрати и кандидатот за претседател, Стево Пендаровски. Од Карпош упати порака до гласачите Албанци. Побара од нив да излезат на гласање во вториот круг.

Ако не излезете на гласање и во вториот круг од претедателските избори, вие недвосмислено му давате поддрша на оној за којшто велите дека не ни чини, на оној којшто Македонија ја донесе до дното на Европа и Балканот, рече Пендаровски.

Имаме извештај од мониторинг мисијата на ОБСЕ кој е најлошиот во последните 14 години за Република Македонија, во кој тие децидно тврдат дека е направена голема измама во првиот круг од претседателските избори. Сите државни ресурси му беа ставени на располагање на кандидатот на власта. Јас и опозицијата останавме изолирани без пристап до медиумите и без фер шанса да кажеме за што се залагаме. Затоа и со двојна победа, тоа ќе биде само една фаза во битката да ја вратиме Македонија во редот на нормалните држави, рече Пендаровски.

На граѓанскиот собир во Карпош говореа и претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија и канидат за пратеник, Стефан Богоев како и носителката на првата изборна единица, Рената Дескоска.

ВМРО-ДПМНЕ е свесна дека го губи Скопје. Вашата одважност вашиот вистински избор треба да дојде до израз на 27- ми април. Нивните лажни ветувања веќе не поминуваат. Затоа, ние нудиме концепт на економски развој, концепт на слобода и концепт на враќање на демократијата во Република Македонија, рече Дескоска.

Поради бизнис интересите и љубовта кон фотелјата на само еден единствен човек, Карпош згасна како ѕвезда која паѓа. Но, само година дена потоа, Карпош е повторно е на нозе. Не не скршија, не не разделија. Спремни сме за промени за нов почеток, спремни сме за победа, порача Богоев, соопштува СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.