НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов: Повик за масовност на 27 април

0
By Нова ТВ on April 23, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со вашите гласови на 13 април Бутел е на листата од 74 општини каде извојувавме победа. Победа како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Подобра Македонија“, изјави претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓе Иванов, како што соопштува оваа партија.

-Но почитувани граѓани 27 април доаѓа. Недела е денот кога ќе ја имаме демократијата на дело. Во недела, вашиот глас одлучува каква Македонија ќе имаме. Вашиот глас одлучува како ќе продолжиме со реформите, со промените, како ќе продолжиме да ја градиме економски, силна, просперитетна европска Македонија. Во недела, граѓаните избираат кој ќе биде на власт. Во недела е денот кога граѓаните ќе кажат кој ќе управува со државата. Кој ќе ја претставува државата. Во недела е денот, кога треба да избереме кој ќе продолжи да ја гради, да ја претставува Македонија.

Затоа во мојата програма стои: „дека мора да изградиме доверба меѓу општеството и државата во Македонија“. Доверба меѓу граѓанинот и институциите во Македонија. Доверба, која е клуч за одговорноста.

Во недела го имате вашиот глас. Вашиот глас е право да се избере од понудените опции, да изберете кандидати, кандидати кои се одговорни кои работат според програма и даваат отчет. Тоа е новата политика во Македонија.

Затоа граѓаните за овие години во демократија научија да прават разлика. Да прават разлика меѓу оние што се натпреваруваат со убави зборови, со празни ветувања, и тие што даваат конкретни програми, и даваат отчет, за повторно да добијат доверба. Доверба од вас.
Почитувани граѓани,

Во недела вашиот глас одлучува кој ќе биде Претседател на Република Македонија. Кој ќе биде пратеник во Собранието, кој ќе добие мнозинство да формира Влада во Република Македонија.

Тоа се најбитните институции во една современа држава. Вие го давате мандатот.
Веќе првиот ден после изборите, во понеделник одговорноста ќе ја преземат тие за кои ќе гласаат мнозинството граѓани во Република Македонија.
Затоа велам, да бидеш избран од граѓаните не е само чест или привилегија, тоа е и голема одговорност.

Пет години како Претседател на Република Македонија, бев со граѓаните и одговорно ја вршев функцијата. Секоја своја одлука, секој мој искажан збор, секој мој изнесен став – и дома и надвор, беше затоа што од вас го имам вашиот глас. Да бидам ваш глас. Да го претставувам тоа што вие го сакате и го посакувате за Република Македонија.

Кажав и ќе повторам. Слушајќи го вашиот глас, слушајќи ги вашите потреби, слушајќи ги вашите проблеми, слушајќи го вашето мислење за Република Македонија, кажав и ќе повторам, не прифаќам промена на Уставот на Република Македонија. Не прифаќам промена на Уставот, со цел да се промени уставното име – Република Македонија. Не прифаќам идеи и предлози што би го загрозиле македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, и македонскиот модел на соживот.

Народот го има и првиот и последниот збор за ова прашање.

Довербата меѓу граѓаните и институциите се гради секојдневно. Се гради со секое дело, се гради со сето она што останува зад нас. Затоа велиме дека нашите дела се погласни од нашите зборови.Тоа што го правиме, и тоа што ќе го оставиме за сите идни поколенија да живеат во европска Македонија. Да живеат во држава во која се мисли за секого.

Во Македонија се мисли и за земјоделците, и затоа се делат субвенции. Се мисли и на пензионерите и затоа се зголемуваат пензиите.Се мисли и за студентите и затоа се делат стипендии. Во Македонија се мисли на учениците, затоа имаат бесплатни учебници. Секоја категорија на граѓани во Македонија имаат свое место во програмите на Владата и мојата програма. Затоа ја добиваме вашата доверба. Затоа што сме искрени кон вас. Го кажуваме само она што можеме да го исполниме.

Покажавме дека Македонија може да успее. Но и секој може да успее во Македонија. За тоа сведочат странските инвестиции, за тоа сведочат домашните инвеститори, за тоа сведочат успесите што ги постигнува секој во Македонија. И во спортот и во културата, и во уметноста и во науката. Секој што сака да успее може да успее во Македонија. Само така успева цела Македонија. Затоа што сите сме Македонија.

Покажавме дека можеме да водиме одговорна економска политика. Тоа го покажавме затоа што работевме заедно, настапувавме како тим, покажавме дека институциите во Македонија, не само што треба да соработуваат, туку мора да соработуваат во интерес на граѓаните на Република Македонија. Покажавме како треба да функционираат и Претседателот на државата и Премиерот, и пратениците и градоначалниците. Кога сме посветени, на потребите на граѓаните, тогаш ја добиваме довербата од граѓаните. Затоа сме ви благодарни што ја препознавте разликата.

Наша цел е да создадеме економски силна и развиена Македонија. Но, да имаме и напредна земјоделска Македонија. Да имаме земја во која младите можат да добијат квалитетно образование, земја во која можат да основаат свои семејства и да создадат потомство.

На 27 април имаме навистина исклучителни избори. Имаме избори кога од вашиот глас зависи, каква Македонија ќе градиме. Од вашиот глас зависи дали ќе продолжиме со реформите, дали ќе продолжиме со економскиот успех на Македонија, дали ќе продолжиме со успех на секој поединец во оваа држава.

Затоа овие избори се важни избори. Ве повикувам да излезете масовно да гласате на 27 април. Затоа што секој ваш глас, за мене, за ВМРО-ДПМНЕ , за Коалицијата за подобра Македонија е глас са вас, за вашите семејства, за вашите општини, глас за Македонија, изјавил претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓе Иванов, како што соопштува оваа партија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.