Во новата влада по парламентарните избори на 27 април, нови владини партнери ќе бидат ВМРО-ДПМНЕ и ДПА. Ова вчера за „Дневник“ го изјави лидерот на ДПА Мендух Тачи, кој себеси се промовира за нов коалициски партнер на Никола Груевски, врз основа на, како што вели, сериозните разговорите кои веќе подолг период ги водат двете партии.
Тачи не откри детали дали ДПА ја гледа во новата влада како резултат на предизборен договор со ВМРО-ДПМНЕ или како победник во албанскиот кампус на претстојните избори.
Јавно ви ветувам господине Ахмети дека и со еден пратеник ќе влезам во власта, изјави Тачи на митинг во Струга.