Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска: Со моќта на гласот на изборите, до промени во државата

0
By Нова ТВ on April 23, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 23, 2014 21:35

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска во Кичево и Ресен порача дека со моќта на секој глас ќе дојде до промени во државата.

Таа ги презентираше мерките од програмата на СДСМ кои ќе ги вратат парите назад кон граѓаните, кои ќе обезбедат враќање на ДДВ, зголемување на минималната плата и подобар стандард.

Грижата за домашните трошоци на граѓаните е неизоставен дел од Програмата, укинувањето на радиодифузната такса за социјалните случаи и нејзино намалување за сите граѓани, враќање на евтината струја и викенд тарифата со која граѓаните ќе имаат евтина струја и во сабота и во недела се само дел од мерките на кои се осврна Шеќеринска.

– Со овие мерки буџетот на граѓаните значително ќе се зголеми. Граѓаните се интересираа за мерките во Програмата кои се однесуваат на наоѓалиштата на јаглен бидејќи како што рекоа, ако го нема ТЕЦ Осломеј ќе го нема ниту Кичево. Идната влада на СДСМ ќе го отвори јагленокопот Топовјани, во околината на ТЕЦ Осломеј, ќе го модернизира ТЕЦ Осломеј и ќе го продолжи неговиот производен век – рече Шекеринска.

Потпретседателката на СДСМ во своето обраќање пред кичевчани истакна дека граѓаните не сакаат да живеат во држава под кирија, дека не сакаат да живеат во држава во која конците ги влече криминалот.

– Македонија сака промени – порача Шекеринска.

Таа денеска беше и во посета на Ресен каде оствари бројни средби со граѓаните. Жителите во ресенско ги споделуваа со неа проблемите кои се повеќе им ја отежнуваат живеачката.

– Зад параванот сте сами. Никој не е сопственик на вашиот глас, со вашиот глас оваа власт ќе замине во историјата. На овие избори да ја испратиме пораката за нов претседател кој ќе обединува наместо да дели и за новата власт која ќе ја врати средната класа. Со гласање ќе се обезбедат промени во државата, со моќта на секој глас – порача Шекеринска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.