НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев-Атанасоф: Имаме потенцијали за воспоставување мостови за долгорочна соработка

0
By Ivana on September 15, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев го прими амбасадорот на Аргентинската Република во нашата земја, со седиште во Софија, Алфредо Нестор Атанасоф.

Премиерот Заев на средбата ги истакна традиционално пријателските односи меѓу двете земји, особено на мултилатерален план каде што Северна Македонија и Аргентина споделуваат взаемна поддршка околу заеднички интереси.

Без разлика на географската далечина, истакна премиерот Заев, време е двете земји да ги поттикнат билатералните односи за што постојат потенцијали на двете страни, кои можат сериозно да ја зајакнат соработката на економски план, особено во земјоделието.

Амбасадорот Атанасоф на премиерот Заев му ги пренесе поздравите на премиерот и на министерот за надворешни работи на Аргентина, која целосно ја поддржува аспирацијата на Северна Македонија во ЕУ, и потенцираше дека неговата посета има за цел да воспостави долгорочни мостови за соработка меѓу двете земји.

На средбата беше истакнато дека двете земји многу бргу ќе ги подготват сите неопходни меморандуми и договори за брза и ефикасна реализација на утврдените потенцијали за соработка.

Претседателот на Владата Заев предложи во текот на првата половина на идната година Северна Македонија да биде домаќин на делегација на стопанските комори на Аргентина за да се поврзат бизнисмените од двете земји, што амбасадорот Атанасоф го оцени како особено добредојдена иницијатива и заради фактот што во неговата земја има интерес за заеднички инвестиции во нашата земја поттикнат од поволните политики за поддршка на директните странски инвестиции.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.