Денеска членот на Централното Претседателство на ДПА,Орхан Ибраими одржа прес-конференција со коруптивните афери на високите функционери на ДУИ.
„Денеска сме пред куќата на Муса Џафери, кој е заменик премиер до 27. април навечер. Само во диктатурите еден државен службеник може да има куќа, за која платата што ја зема Муса Џафери не ја оправдува. Единственото оправдување е корупцијата, кражбите на нашите печалбари и продавањето на националниот интерес“, истакна Ибраими.
Според него екстраваганцијата и луксузот на куќите на функционерите на ДУИ е уште еден доказ за корупцијата. Во исто време неколку метри подалеку од милионската куќа на Џафери обичниот народ живее во беда и едвај се бори за опстанок.
„Неколку блока од сиромашните куќи се наоѓа и луксузната куќа на Изет Меџити и таа на Бујар Османи, малку подалеку е и супер-луксузната куќа на Фатмир Бесими и исто така некои од петте станови на Теута Арифи и десетина функционерски куќи на ДУИ стекнати врз грбот на Албанците“, рече Ибраими.
Една народна поговорка вели- Од искрени профити и ѓаволот зема половина.Од валкани, ѓаволот го зема и домаќинот – заклучи на карјот Орхан Ибраими од ДПА.