Претседателот на локалниот огранок на ДУИ во Охрид Нефи Усеини рано утрово бил приведен во охридската полиција. Оваа вест за НОВА ја потврдија и од СВР Охрид. Од таму велат дека Усеини во текот на денот ќе биде однесен и во Основниот суд во Охрид.
„Утрово е повикано лицето во полициската станица во Охрид.Во текот на денот ќе биде изнесен во Основниот суд во Охрид. Наши службеници се уште работат на утврдување на негова евентуална инволвираност во едно казнено дело“, велат од СВР Охрид.
Во моментот постоел огромен револт помеѓу членството на ДУИ во Охрид поради случувањата со Усеини, велат извори за НОВА од партијата во Охрид. Тие велат дека, всушност, последниот настан имал политичка позадина, а тоа било приклонувањето кон ДУИ и Усеини во Охрид на граѓани од сите националности, албанци, турци, роми. Инаку Усеини е бизнисмен од Охрид.Усеини пред почетокот на изборната кампања отворија и изборен штаб на ДУИ во Охрид.




