Во Полициската станица Аеродром, вчера 48 – годишна Канаѓанка, пријавила дека оваа година од јуни до август била измамена од нејзиниот роднина Љ.Н. за 50.000 евра.
Откако нејзиниот 21 годишен син дошол во Скопје,
таа пријавила дека нејзината мајка, пред два месеца забележала чудно однесување кај внукот кој бил дојден на гости. Бабата наводно проблемот го споделила со нивниот роднина Љ.Н., кој ù кажал дека нејзиниот внук најверојатно има проблем со дрога и се понудил да помогне со негово лекување со одредена скапа терапија.
МВР информира дека во пријавата пишува дека пријавителката се согласила и во повеќе наврати му дала на Љ.Н. околу 50.000 евра, но кон крајот на јули и таа дошла во Скопје и се посомневала во терапијата што ја примал нејзиниот син, по што пријавила во полиција. За случајот бил запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.