Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Груевски не одговори за коруптивните мега-скандали каде во центарот е тој

0
By Нова ТВ on April 25, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 25, 2014 19:03

СДСМ излезе со писмена реакција на на ненајавената прес конференција на Никола Груевски, на која тој ги обвини СДСМ дека во недела планираат да излезат од изборите, откако според него, имале сценарио да креираат проблеми во тек на изборниот процес.

-Никола Груевски не одговори на ниту едно прашање за мега скандалите во чиј центар е лично тој. Груевски не кажа ниту збор:

-За примањето на 1,5 милион евра во кеш, за продажба на Македонска Банка,

-За аудио снимката која го потврди договарањето на милионскиот кеш,

– За партискиот имот вреден 1,6 милиони евра, купен само за три месеци непосредно пред изборите.

– За рајските шеми на неговиот братучед во Панама и Лугано преку кои се изнесени една милијарда евра, народни пари надвор од Македонија.

– За огромните лични имоти на функционерите на ВМРО ДПМНЕ во центарот на Скопје, вредни над стотици илјади евра.

Наместо одговорите кои најповиканиот, премиерот Никола Груевски и ги должи на јавноста, тој лицемерно зборува за наводни и деструктивни сценарија кои може да ги измисли и да ги реализира само тој и ВМРО ДПМНЕ. Груевски всушност денеска само ги прочита конструкциите коишто им ги диктирал на медиумите под неговата контрола изминативе денови.

СДСМ со денешната прес конференција целосно ги демантираше ваквите тези и конструкции.

Разбираме дека вака разголена власта, со сите нејзини коруптивни и криминални шеми, станува уште подрска и понервозна. Но, веќе и на јавноста и е јасно дека Никола Груевски повеќе не може да биде премиер.

Веруваме дека граѓаните нема да подлегнат на притисоците, уцените, обидите за поткуп од страна на власта и со својот глас ќе допринесат да се стави крај на самоволието на ВМРО ДПМНЕ, соопштува СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.