Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦИВИЛ: Откриени илјадници фантомски гласачи во Центар

0
By Нова ТВ on April 25, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 25, 2014 21:26


Автор: Мери Јордановска

Неколку илјади фантомски гласачи кои немаат живеалиште во Скопје, а имаат издадени лични карти на адреса во центарот на градот, сѐ уште фигурираат во избирачкиот список, дознава Цивил.

Дел од нив се од Пустец, Албанија, а дел од други градови во земјава.

Сите тие ќе имаат можност да гласаат на претстојните двојни избори бидејќи, според нашите сознанија, тие се дел од избирачкиот список. Нашата екипа изврши проверки само во општина Центар, каде што, според нашите сознанија, има неколку илјади фантомски гласачи и тоа на следните адреси: Аминта 3, Мирослав Крлежа, Орце Николов, Булевар Илинден, Френклин Рузвелт, Црвена Вода, Булевар ВМРО, Димитрие Чуповски (Вељко Влаховиќ), Максим Горки, Никола Тримпаре, Киро Крстевски – Платник, Коле Неделковски, Петар Попарсов, Стале Попов, Бул. Страшо Пинџур, Светиниколска, Васил Ѓоргов…

Најпрво се упативме на адресата Васил Ѓоргов 24, каде што постојат сознанија дека во станот број 27 живеат десетици лица, сите со право на глас во земјава за претстојните избори во недела. Од влезната врата, која речиси беше руинирана, веднаш можеше да се забележи дека во станот не живее никој. Пред вратата сé уште стоеше флаер од еден од претседателските кандидати. Бидејќи не ни отвораше никој, заѕвонивме кај соседите.

„Тука веќе 20 години не живее никој“, ни рече сосетката.

Следната дестинација ни беше улицата Киро Крстевски – Платник број 11, каде што во еден од становите пријавени се дека живеат над 20 лица, сите со право на глас во земјава. Вратата ни ја отвори средовечен човек, кој ни изјави дека е запознаен дека во неговиот стан се пријавени триесетина лица, но дека случајот не го пријавил.

Од видеото во прилог можете да погледнете како помина нашата посета во становите каде што се пријавени по триесетина лица.

Според информациите на Цивил, дел од избирачкиот список е исчистен – таму веќе не фигурира дел од гласачите од Пустец кои беа на списокот на минатогодишните избори. Овие лица најверојатно ќе гласаат во Тирана. Сепак, само во општина Центар се останати неколку илјади лица, кои сѐ уште фигурираат на избирачкиот список и имаат право на глас во земјава за изборите во недела.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.