НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ден пред избори- денеска гласа дијаспората, затворениците, болните

0
By Нова ТВ on April 26, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во пресрет на утрешниoт втор круг од претседателските избори и предвремените парламентарни избори во Република Македонија денеска е изборен молк. Гласање денеска има за македонските државјани во дијаспората, болните и немоќните, затворениците, лицата во домашен притвор.

За претседателските избори треба да гласаат 8.332 гласачи на 34 избирачки места во ИЕ 7 (Европа и Африка), ИЕ 8 (Северна и Јужна Америка) и ИЕ 9 (Азија и Австралија). Во Седмата изборната единица на гласање за претседател треба да излезат 5.892 избирачи, во ИЕ 8 – 1.426 и во ИЕ 9 – 1.014.

Во Избирачкиот список за гласање на претседателските избори се запишани и 39 внатрешно раселени лица, 1.706 лица на издржување казна затвор или притвор, а дома ќе гласаат и болните и немоќните, како и лицата во домашен притвор кои се пријавиле да гласаат.

На утрешниот втор круг од претседателски избори право на глас имаат 1.779.572 избирачи. За претседател ќе биде избран кандидатот кој на вториот круг од изборите ќе освои повеќе гласови под услов на гласање да излезат најмалку 40 проценти од вкупното избирачко тело.

Во 36 дипломатско-конзуларни претставништва на Македонија за гласање на предвремените парламентарни избори се пријавиле 23.782 македонски државјани кои работат или престојуваат во странство.

Според прегледот на ДИК, најмногу пријави за гласање има во ИЕ 7 што ги опфаќа Европа и Африка – 18.911. Во ИЕ 8 треба да гласаат 3.337 македонски државјани. Оваа изборна единица ги опфаќа Северна и Јужна Америка. Во Деветтата изборна единица пријавени за гласање се 1.534 македонски државјани.

Гласањето во избирачките места се одвива од 7 до 19 часот, согласно временската зона во земјата.

Пратениците се избираат според пропорционалниот модел во Македонија, а според мнозинскиот во дијаспората. Територијата на Република Македонија е поделена на шест изборни единици и во секоја се избираат по 20 пратеници, а тројца пратеници се избираат во дијаспората – по еден пратеник од трите изборни единици: Европа и Африка, Северна и Јужна Америка и Австралија и Азија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.