Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МИОА: Подготвени три закони за целосно исклучување на политичките влијанија при вработувањата

0
By НОВА ТВ on September 21, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 21, 2021 21:21

Министерството за информатичко општество и администрација одржа виртуелна (онлајн) средба со претставници на Секретаријатот за европски прашања (СЕП), Секретаријатот за законодавство, како и претставници на Генералниот секретаријат на Владата со претставници на СИГМА. Целта на состанокот беше институционална координација за реализација и имплементација на дигиталната агенда на Владата на Република Северна Македонија, информираат од МИОА.

Од министерството соопштуваат дека во изминатиот период МИОА  работело и подготвило три нови закони и тоа: Законот за висока раководна служба, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници.

– Овие три закони, кои се меѓусебно поврзани се основа за целосно исклучување на политичките влијанија, но и секој друг облик на влијанија во постапките за вработување во институциите на јавниот сектор. Законот за висока раководна служба е сосема нов закон во правниот систем во нашата држава, кој треба да овозможи деполитизација на администрацијата од врвот на пирамидата. Ќе бидеме меѓу првите држави во регионов со таков закон, кој во различни модалитети го имаат сите европски држави, обајснуваат од МИОА.

Основната цел на овој закон е да се воспостави мерит-постапка за селекција на државни секретари во министерствата и општините, како и директори во органите на државната управа.

– Со новиот Закон за вработените во јавниот сектор, систематски се регулираат правата и должностите на вработените во јавниот сектор, се дебирократизираат постапките, подготовката и донесувањето на функционалните анализи, актите за внатрешна организација и систематизација, како и годишните планови за вработување, велат од МИОА.

Дополнително, со цел да се спречат злоупотреби во постапките за вработување на некои категории на лица, за кои немаше законски процедури за вработување, првпат се воспостави унифицирана постапка за вработување во сите институции на јавниот сектор, доколку истата не е регулирана со посебен закон.

– Во насока на заокружување на процесот на реорганизација, воспоставена е пофлексибилна законска процедура за мобилност на вработените во јавниот сектор, односно нивно внатрешно распоредување во самата институција или преземање од една во друга институција. На крај направена е јасна разлика во надлежностите на Државниот управен инспекторат и Државниот инспекторат за труд, со што ќе се засили механизмот за имплементација на овој закон, затоа што досега имаше доста преклопувања и нејаснотии во надлежностите, поради што многу често топката се префрлаше од едниот на другиот инспекторат и обратно, објаснуваат од МИОА.

Во насока на деполитизација и дебирократизација на процедурите е и Законот за административни службеници.

– Со новиот закон во целост се поедноставуваат процедурите, што ќе придонесе за поголема функционалност на администрацијата. Во подготовката на новите законски решенија беа разгледани сите забелешки од Државната комисија за спречување на корупцијата, Транспаренси Интернешнл Македонија, но и сите останати релевантни меѓународни извештаи во однос на јавната администрација и имплементирани се сите нивни препораки, информираат од МИОА.

вработувања МИОА политички влијанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.