Продолжува потврденото партнерство и поддршка за соработка на нашата земја со Кралството Норвешка, напиша на својот фејсбук профил Министерот за здравство, Венко Филипче.
– Денеска на средбата со одбранбеното аташе на Кралството Норвешка за Република Северна Македонија, потполковник Даг Лунде и мајорот Дагфин Бјорклид, виш офицер од Норвешките вооружени сили разговаравме во делот на ангажирање на наши лекари и медицински сестри и надградување на капацитетите на хрируршките тимови во рамки на НАТО, информира Филипче.
Тој додава дека Кралството Норвешка во време на ковид кризата донираше огромно количество на потребни материјали, медицински апарати, што е уште еден показател за големината на нашето партнерство.