Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Софијанова: Кај деца кои биле асимптоматски ковид случаи се јавува мултисистемски инфламаторен синдром

0
By Ivana on September 22, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 22, 2021 13:18

Вирусот SARS-CoV-2 кај децата најчесто дава полесна клиничка слика која се третира само со  симптоматска терапија. Но, неопходно е секој случај  внимателно да се следи и доколку се забележи влошување на здравствената состојба, да се направат дополнителни испитувања кои би укажале на посериозни синдроми и состојби, како што е мултисистемски инфламаторен синдром, истакна проф. д-р Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести и претседател на Здружението на педијатри, која беше дел од неделните онлајн дискусии кои Лекарската комора ги организира со цел да се олесни комуникацијата и размената на искуства и знаења за превенција и третман на Ковид 19 меѓу лекарите од сите нивоа на здравствениот систем.

Софијанова на почетокот на настанот изрази благодарност до Лекарска комора за европски и напреден начин на делување и можности за зближување на основ на стручност и професионалност и истакна дека во предавањето кои го презентираа се споделуваат искуствата и сознанијата на престижни педијатриски центри за лекување на Ковид-19, искуства од Клиниката за детски болести, како и податоци објавени во релевантни научни студии, информираа од Лекарската комора.

– Кај децата Ковид-19 обично е благ и се лекува со симптоматска терапија. Но, ако состојбата се влошува и фебрилноста трае повеќе од три дена, треба да се размислува и за дополнителни испитувања, бидејќи во ретки случаи, децата можат да бидат сериозно погодени, а клиничките манифестации може да се разликуваат од возрасните. Во април 2020 година, извештаите од Обединетото Кралство документираа презентација кај деца слична на нецелосна Кавасаки болест или синдром на токсичен шок. Оттогаш, има извештаи за слично погодени деца во други делови на светот. Состојбата е наречена мултисистемски инфламаторен синдром кај деца, посочи Софијанова.

Мултисистемски инфламаторен синдром се јавува кај деца кои биле асимптоматски случаеви, или имале блага клиничка слика, а по период од две до четири недели развиваат болест, односно нова состојба која се манифестира пред сè со многу висока температура, над 39 степени, па и 40 степени која трае повеќе денови и која не се спушта со антипиретици.

– Се јавуваат промени по кожата од типот на осип кој се јавува на лицето, на рацете, на телото, може да имаат и осип во устата, очите стануваат црвени, конјуктивите се хиперемични, настанува и воспаление на белите дробови, срцева слабост, тахикардија, бледило на кожата. Мултисистемски инфламаторен синдром предизвикува кај децата и стомачни тегоби, болки, гадење, повраќање,  ентероколит, како и бубрежна инсуфициенција, пореметување на коагулација на крвта, пореметување на свеста, главоболки и грчеви, истакна Софијанова.

Кога се во прашање на пост-ковид состојби проф. д-р Софијанова нагласи дека праксата покажува и зголемен број на деца со воспаление на слепо црево, зголемен број на случаи со јувенилен дијабетес, како и пораст на малигни заболувања, но, сепак ќе треба дополнителни истражувања за да може да се потврди дали постои нивна поврзаност со Ковид 19. Во однос на вакцинацијата таа рече дека дава целосна поддршка за вакцинација на децата над 12-годишна возраст, како и тие кои имаат хронично заболување.

Претседателот на Лекарска комора, проф. д-р Калина Гривчева Старделова истакна дека пост-ковид заболувањата се сериозен предизвик со кој допрва ќе треба справуваат пациентите, здравствените професионални и здравствениот систем. Лекарска комора досега организираше 15 онлајн дискусии на различни теми поврзани со превенција и третман на Ковид-19.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.