Невладината организација ЦИВИЛ јавува за неправилности во избирачкиот процес.
Според извештате на набљудувачите на оваа организација забележано се низа на неправилности во избирачкиот процес. Граѓани пријавиле закани на избирачки места, повторно е забележано семејно гласање, организирано носење на гласачи на избирачки места. Во Струмица е забележан поткуп на гласачи. Според извештаите еден глас за парламентерните избори има цена од 500 денари. Забележено е и гласање вон избирачкото место.
Посебно се издвојуваат проблемите со избирачкиот список. Забележано е на многу места дека постојат разлики меѓу списоците за парламенратни и претседатлески изброи. Граѓани се пожалија дека се пронаоѓаат на списокот за парламентарни но не и за претседателски избори.
Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала извести дека набљудувачите на оваа организација се спречувани во вршење на нивната должност од страна на партиски активисти.
Што се однесува до вчерашниот ден кога гласаа затворениците и болните, ЦИВИЛ известува деака добиле поплаки од затвореници кои не успеале да се пронајдат на избирачкиот список.
ЦИВИЛ ги повика граѓаните да јавуваат доколку забележат неправилнсоти и повреда на избирачкиот процес на телефонските броеви 025209176, 075707143 и 075 742445