Пред избирачкото место 692 во општина Кавадарци, кое се наоѓа во домот на културата во с.Ваташа, од утрово тројца членови од политичка партија, седнати спроти избирачкото место со списоци водат евиденција на граѓаните што влегуваат во избирачкото место, објави порталот Мојот град. Дел од членовите на партијата требало прво да се пријават и да бидат евидентирани во нивниот, партиски список, а потоа да одат на гласање.
Според порталот Мојот град, доколку внимателно се погледнат фотографиите се забележува дека станува збор за истите активисти на една политичка партија, кои и во првиот круг од пред две недели на ист начин го прекршуваа изборниот процес.