НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи во Њујорк положи цвеќе на Меморијалниот музеј за 11-ти септември

0
By Ivana on September 23, 2021 ПОЛИТИКА
архивска фотографија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи за време на посетата на Њујорк во рамките на неговото учество на 76 заседание на Генералното Собрание, го посети Националниот меморијален музеј за 11 септември, каде положи свежо цвеќе во сеќавање на жртвите од терористичкиот напад од 2001 година.

Споделувајќи ја тагата за загубените човечки животи, Османи изрази сочувство кон загинатите и нивните семејства, како и поддршка за САД и американскиот народ.

„На 20 годишнината од овој трагичен настан, Република Северна Македонија силно ги поддржува заложбите на меѓународната заедница за зачувување на универзалните цивилизациски вредности – мирот, безбедноста, демократијата и укажува на потребата од споделена солидарност со сите жртви од тероризмот во светски рамки.” – истакна Османи при посетата на Меморијалниот музеј.

Во рамки на 76-тото заседание на Генералното Собрание, министерот Османи учествуваше на повеќе министерски состаноци и сесии организирани во рамките на Обединетите нации.

Османи учествуваше на Министерскиот состанок на Заедницата на демократии, организиран од Романија во својство на претседавач. Како единствена членка од Западен Балкан на Заедницата на демократии, министерот Османи во своето обраќање укажа дека земјата стои силно зад демократските принципи и вредности.

Министерот Османи учествуваше и на Министерскиот состанок на Алијансата за мултилатеризам, организиран од министрите за надворешни работи на Германија и Франција, каде беа разменети мислења за ефективниот мултилатеризам, што претставува приоритет и за Северна Македонија.

Во таа насока, Османи укажа дека земјата како активен чинител на меѓународната заедница ќе продолжи со таквата заложба и за време на претседавањето со ОБСЕ во 2023 година.

Во рамките на Генералното собрание на ООН, министерот Османи имаше обраќање и на Конференцијата за поддршка на влегување во сила на Договорот за сеопфатна забрана за нуклеарни тестирања, каде ја истакна значајноста на споменатиот договор како столб за нуклеарно разоружување и непролиферација.

За време на посетата на Њујорк, министерот Османи заедно со неговиот филипински хомолог, Теодоро Л. Локсил, потпишаа Заедничко комунике за воспоставување билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Филипини, што претставува 181-ва земја со која имаме воспоставено дипломатски односи.

Денес на агендата на Министерот Османи е предвидена и билатерална средба со Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, како и средби со негови хомолози од воневропските земји, меѓу кои и Сингапур.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.