Во Ресен, Кичево, во Центар, Бутел и Аеродром, забележани се гласања на граѓани кои веќе гласале во Пустец, соопшти денеска невладината „Цивил“.
Досега добиле 153 пријави за забележани нерегуларности.
Најчести се проблемите со избирачкиот список, незаконското однесување на членови на избирачките одбори, семејно и групно гласање, партиски активизам и обиди за поткуп на гласачите, како и прекршувања на изборниот молк.
Во прилог видеото од прес-конференцијата на „Цивил“ за сите нерегуларности забележани до 14 часот.