Наљудувачите на невладината организација „Цивил“ денеска забележаа гласачи од албанското село Пустец на неколку избирачки места во Скопје и земјава. Фотографиите се од скопската населба Аеродром каде што пустечани биле организирано во комбе носени да гласаат. Дел од комбињата со кои се разнесуваат гласачите од Пустец се со албански регистерски таблички, а дел со македонски, како комбето кое го регистрирале од „Цивил“ во Аеродром во основното училиште „Браќа Миладиновски“ во Аеродром.