НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вработените во МВР кои беа во возилото со дрога се вратиле во Скопје, за случајот ќе постапува и обвинителството

0
By Ivana on September 24, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вработените во МВР, кои се наоѓаа во возилото во кое имало бункер со марихуана, се веќе вратени во Скопје и тие немаат никаква врска до дрогата, тврдат од Министерството за внатрешни работи.

Станува збор за вработени во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, кои на 22 септември тргнале на обука во Црна Гора и за службеното патување задолжиле возило од автопаркот на МВР. Кога стигнале на границата помеѓу Албанија и Црна Гора, тамошните цариници пронашле марихуана скриена во бункер, а од МВР тврдат дека таа дрога останала во возилото уште од 2016 година.

Се работи за возило кое, според објаснувањето, Министерството го добило од Агенцијата за управување со одземен имот, а било запленето од Царинската управа во акција за сузбивање трговија со дрога пред пет години.

– Вработените во МВР немаат никаква врска со дрогата, туку таа била скриена во автомобилот, односно останала од 2016 година кога ова возило било запленето во акција на Царинската управа, а потоа дадено на Агенцијата за управување со одземен имот, од каде што пак е отстапено на МВР. Вработените во МВР немаат никаква поврзаност со дрогата и тоа го потврдило и албанското јавно обвинителство и тие се веќе вратени во Скопје, велат од МВР.

Оттаму додаваат дека за целиот случај го известиле и нашето јавно обвинителство за да постапува понатаму и да го расчисти случајот.

За случајот вчера извести црногорската царинска служба која го открила бункерот кога вработените во МВР ја преминувале албанско-црногорската граница. Потоа, поради протоколот за билатерална соработка, црногорските власти ја предале надлежноста за постапката на институциите на Република Албанија, кои, како што тврди нашето МВР, потврдиле дека нивните вработени што се возеле во возилото немаат поврзаност со дрогата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.