Римокатоличката црква ги прогласи за светци Папата Јован 23-ти и Јован Павле Втори, на мисата која ја одржа папата Франциско, на која присуствуваше и неговиот претходник папата Бенедикт 16-ти.
Над стотици илјади верници од целиот свет го присуствуваа на плоштадот Свети Петар во Ватикан на канонизацијата на двајцата поранешни поглавари кои католиците.
На церемонијата присуствуваа речиси 100 странски делегации, меѓу кои и претседатели на држави и влади, како и претставници на кралските семејства.
Папата Франциск, го прочита текстот за канонизација на латински, велејќи дека по размислувањето и консултациите, одлучено е двајцата да бидат прогласени за светци.
Ова е прв пат, двајца поглавари на Римокатоличката црква да бидат прогласени за светци.