Бујар Османи од ДУИ за Алсат-М ги даде првите впечатоци за Изборниот Процес во Македонија.
Портпаролот на ДУИ не криеше дека е присутен ентузиазмот и оптимизмот во Партиското седиште нагласувајќи дека првите резултати кои доаѓале биле од едно избирачко место во 4-та ИЕ каде тие извојувале победа над ВМРО-ДПМНЕ.
„Се уште е рано да се дадат било какви резултатите,но првичните информации зборуваат дека сме во предност над ДПА, во сооднос 3 со 1. Очекуваме конкретни резултати во текот на ноќта каде за резултатите ќе се обрати и лидерот Али Ахмети” – истакна Бујар Османи.
Од ДУИ велат дека не слушнале за одлуката на СДСМ дека нема да ги признае резултатите од Претседателските и Парламентарните Избори.
„Се уште не сме ја чуле таа изјава,бидејќи сме зафатени со броењето на гласовите. Кога ќе ја слушнеме таа изјава ќе излеземе со официјален став” – рече Османи