Шефот на Изборниот Штаб на ДУИ Абдулаќим Адеми обраќајќи им се на симпатизерите во партиското седиште во Тетово нагласи дека денешниот ден покажа дека Албанците знаат да гласаат и се составен дел на демократксите процеси во Македонија.
Тој им се заблагодари на електоратот и најави историска победа за ДУИ. Се уште ги броиме гласовите,но првите податоци велат дека сме пред една историска победа на ДУИ, каков што не е запаметен во овие простори, со 150 илјади гласови.
Албанците и муслиманите не треба повеќе да се плашат и утре тие ќе го слушнат утринскиот езан за молитва од џамиите.
Кога ја почнавме кампањата рековме- „ние сме спремни“, сега велиме „ние сме тука“, рече Абдулаќим Адеми.