Садије Илјази од ДПА беше првата,од албанската опозициска партија, што излезе пред јавноста после завршувањето на денешниот изборен процес.Таа нагласи дека изборите биле проследени со многу неправилности и дека тие очекуваат добар резултат.
– Изборите, иако на прв поглед изгледаа мирни,имаше софистицирани неправилности како што се заканите, купување гласови, делење на прехранбени продукти, користејќи ја лошата економска состојба во која се наоѓаат Албанците во селата во Скопје, Куманово, Тетово и Кичево.
– И покрај сите неправилности сепак очекуваме одлични резултати, изјави Садије Илјази од ДПА.