НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев до младите: Ве охрабрувам да ризикувате да преземате активности за реализација на идеите и потенцијалот во нови бизниси

0
By Ivana on September 29, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ние како влади, работиме и соработуваме, подготвени да ги слушнеме потребите на граѓаните, припадниците на бизнис секторот и коморите и водени од таа цел, заедно со лидерите на Република Србија и Република Албанија преземаме чекори и иницијативи за олеснување на нашата соработка, за надминување на бариерите и проблемите со цел создавање  еден заеднички пазар и унапредување на економската  соработка, рече премиерот Заев поздравувајќи ги денешните учесници на лидерскиот панел, каде учествуваше заедно со српската премиерка Ана Брнабиќ,  претседателот на Собранието на Автономната покраина Војводина Иштван Пастор, градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ, генералниот секретар на Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО) Алберт Хани и Норберт Бекман-Диркес, кој ја раководи Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Србија и Црна Гора.

Посочувајќи дека преку Берлинскиот процес се воспостави рамка и се дефинираа конкретни активности во сите области на таканаречените четири слободи на ЕУ, збогатени со дигитален, инвестициски, иновациски и индустриски столб, премиерот Заев истакна дека регионот на Западниот Балкан има обезбедена солидна основа за натамошен економски развој и соработка во социјалната и културна сфера.

– Она што следи во регионот е, прво, унапредување на регионалната трговска размена на стоки и услуги, како и движењето на луѓе, капитал и знаење, што во прв ред претпоставува отстранување на сите постоечки бариери за слободата на движењето. Потоа, неопходно е надградување и на процесот на дигитализација во сите држави, преку обезбедување на дигитални вештини, дигитална инфраструктура и дигитална безбедност. Конечно, ќе следи подобрување и на конкурентната способност на сите економии од регионот, паралелно со промовирањето на „зелен развој“ и транзиција, преку различни видови на активности“, рече премиерот Заев истакнувајќи дека регионот кој има околу 18 милиони жители е добар потенцијал за искористување на сите придобивки кои се многу важни не само за земјите од Источна Европа туку и за земјите членки на Унијата, рече претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Заев.

Премиерот Заев во своето обраќање се осврна на важноста на младинското претприемаштво, регионалната соработка и економскиот развој, истакнувајќи дека  сите напори на владите на трите земји од регионот е насочена кон обезбедување на успешна иднина за младите, со цел економски развој, подобрувањето на условите за живот, како и совладувањето на причините што младите ги мотивираат, па често и принудуваат да се иселуваат во странство.

– Почитувани млади пријатели, знаеме дека младите луѓе на Балканот деловното работење го нарекуваат „бизнис“. Во таа смисла, претприемништвото е всушност „бизнис“, облик на деловна активност и деловно работење. Но, претприемништвото е и повеќе од тоа, односно тоа исто така претставува и вид на карактерна особина која ја поседуваат некои луѓе. Затоа, ве охрабрувам, ризикувајте, преземајте активности за да ги реализирате своите идеи, а ние, владите од регионот, ќе ве помагаме и ќе настојуваме да создадеме најповолна бизнис клима, отстранувајќи ги сите бирократски и слични пречки, дизајнирајќи и спроведувајќи разновидни мерки за поддршка на претприемачите – финансиски, инвестициони, локациони, обука на работната сила и слично, истакна  Заев на денешната Конференција.

Притоа Заев оцени дека Владата на Република Северна Македонија со којашто тој раководи ги препознава и ги знае овие задачи во однос на претприемништвото и во континуитет презема мерки за отстранување на административните и бирократските бариери што се испречуваат пред претприемачите. За тоа сведочат и повеќе извештаи на меѓународни институции, кои таканаречениот „квалитет на деловното опкружување“ во Северна Македонија го оценуваат со многу високи оценки.

Учествувајќи во завршната дискусија на лидерскиот панел на Конференцијата, премиерот Заев заклучи дека за успешна регионална соработка е најважна поддршката од сите граѓани, кои треба да сфатат дека Берлинскиот процес е создаден за земјите од Западниот Балкан, а конкретната соработка меѓу овие земји може само да придонесе за побрзо реализирање на евроинтегративните процеси и унапредувајќи  ја соработката со останатите членки на Унијата.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија денеска преку интернет конференциска врска учествуваше на Конференцијата „Западен Балкан: Еден регион, еден пазар -Чекор кон заедничкиот пазар на ЕУ“, заедно со повеќе челници и претставници на влади, невладини организации и членови на бизнис заедницата од регионот.

Учесниците на дводневната конференција, која се одржува овие два дена (28-29 .9.2021 година) во Нови Сад, Република Србија, во организација на Фондот за европски прашања на Автономната покраина Војводина, Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Регионалниот форум за младинско лидерство разговараа за регионалните иницијативи како дел од политиката на проширување на ЕУ кон Западен Балкан, со акцент  на придобивките на најновата иницијатива „Отворен Балкан“ и создавање на заеднички пазар за земјите од Западен Балкан.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.