НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Земјите членки не можат да се усогласат за Декларацијата од Самитот ЕУ-Западен Балкан

0
By НОВА ТВ on September 29, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По текстот што го објави агенцијата Ројтерс вчера дека некои земји членки бараат крај на проширувањето на ЕУ, повеќе дипломати за МИА тврдат дека текстот “е попесимистички од реалноста“ и дека станува збор за тензии околу заклучоците од Декларацијата за Самитот ЕУ-Западен Балкан што ќе се одржи во Словенија идната недела, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Објавата на Ројтерс всушност се однесува на дискусија помеѓу амбасадорите на земјите членки на ЕУ која се одржала на 15 септември објаснуваат за МИА неколку дипломатски претставништва на ЕУ во Брисел.

Како и пред секој самит помеѓу ЕУ и Западен Балкан, амбасадорите го усогласуваат текстот од Декларацијата што треба да произлезе од истиот, и што треба да им биде предаден на лидерите.

Овие самити, потсетуваат дипломатите, последниве години (под бугарско и под хрватско претседателство) никогаш не се однесувале на проширувањето. Секој пат, меѓутоа, се повторува поддршката на ЕУ за европската перспектива на Западниот Балкан.

Додека првата верзија од Декларацијата гласи: “ЕУ ја потврдува својата недвосмислена поддршка за европската перспектива на Западниот Балкан и ја поздравува заложбата на партнерите од Западен Балкан кон европската перспектива, што е наш заеднички стратешки интерес и останува наш стратешки избор“, неколку земји членки, кои силно се залагаат за проширувањето, побарале да стои поексплицитна и поизразена поддршка за овој процес.
Ова барање, според дипломати присутни на состаноците, ги разгневило традиционално скептичните Франција, Холандија и Данска, кои за возврат побарале да се набројат строгите услови за проширувањето и со тоа сакале да испратат порака дека проширувањето “не е готова работа“.

Поради овој судир помеѓу земјите кои се залагаат и оние кои се противат на проширувањето се појавиле тензии помеѓу амбасадорите уште пред две недели, а темата е ставена на ред за идниот петок, односно последниот амбасадорски состанок пред да се одржи Самитот ЕУ-Западен Балкан.

Зошто дипломатите одлучиле да ги брифираат Ројтерс токму на денот кога претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, ја започна својата балканска турнеја, останува нејасно, но не сите во Брисел изразуваат загриженост поради овој текст.

Останува исто така да се види што ќе стори словенечкото претседателство во петок кога треба да понуди компромисно решение за Декларацијата: дали ќе се врати првичната вообичаена формулација на поддршка за перспективата или ќе излезе со некое друго креативно решение.

Но, потсетуваат дипломатите, факт е дека проширувањето е една од многу поларизирачки теми во Европската Унија, помеѓу од една страна Данска, Франција и Холандија, а од другата претежно земјите од источниот блок кои сакаат побрзи и поконкретни реализации во областа на проширувањето, како отворање нови поглавја со Србија и Црна Гора и почеток на преговорите со Албанија и Северна Македонија.

Нејасно е каде точно стои Германија во оваа дискусија. Додека некои дипломати брифираат дека Германија е на страна на амбициозните за проширувањето, други тврдат дека таа држи побалансирана позиција помеѓу двата табора, посебно со оглед на тоа дека земјата е дипломатски значително ослабена.

Декларацијата од самитот во Словенија не е на дневен ред на денешниот амбасадорски состанок како што се најавуваше во одредени медиуми.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.