НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Причината за пожарот ќе ја даде МВР, Обвинителството истражува кој е виновен

0
By Ivana on October 4, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев очекува во следните денови МВР први да излезат со детали за пожарот во тетовската модуларна болница во која изгореа 14 пациенти. Заев смета дека тоа нема да пречи на истрагата во Обвинителството, потенцирајќи дека засега нема информации од МВР дали и кога ќе ги објават деталите за причините за пожарот.

– Јас не можам да дадам наредба, налог или некои напатствија на орган кој не е под извршната власт, тоа е Јавното обвинителство. Можам да апелирам час поскоро, по завршување на квалитетна истрага, да се објави, но можам да побарам од МВР, тоа што е делокруг кај нив како орган под состав на владата, да го објават, да го соопштат до граѓаните, затоа што поминуваат неделите и навистина треба да се дадат соодветни одговори, прво за граѓаните, а секако и за нас како Влада да ги носиме соодветните одлуки. Знам дека делот на форензиката, вештачењето кое го направи МВР е доставено до Јавното обвинителство и од тој аспект очекувам во следните денови да се објави од страна на МВР тој извештај, а Јавното обвинителство можат да си продолжат со истрагата, изјави Заев.

Заев додаде дека две недели по заминувањето на германските експерти, треба да стигне и нивниот извештај околу пожарот во модуларната болница во Тетово.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.