НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегов: Со Скопје Смарт сити, Скопје станува град без шалтери

0
By Ivana on October 4, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Скопје е првиот град во државата кој го започнува овој проект кој ќе значи целосна дигитализација на услугите, воведување на директна демократија како алатка за унапредување на демократијата и обезбедува големи заштеди на електрична енергија – средства кои ќе се враќаат директно како финансиска поддршка за граѓаните, истакна Градоначалникот и актуелниот кандидат на Град Скопје, Петре Шилегов презентирајќи ги главните придобивки од проектот паметен град – „Скопје Смарт сити“.

Тој посочи дека со Смарт сити, Скопје станува прв град во државата каде граѓаните директно и сами одлучуваат за тоа каде и како се вложуваат нивните пари. Со овој проект граѓаните ќе имаат можност да ги одредуваат приоритети, да гласаат за проекти и да избираат каде градот ќе вложува.

– Ова е историски исчекор на демократијата и начинот на управување со градот. Ова е историска промена во однос на директната комуникација со граѓаните и воведување на непосредна граѓанска демократија, нешто на што сум особено горд. Преку апликација на својот мобилен телефон, скопјани ќе може да гласаат за предлози, да дефинираат приоритети и со тоа самите да ги креираат политиките градот. Градот редовно преку апликацијата ќе ги консултира граѓаните за значајни инвестиции и одлуки и скопјани директно ќе бидат во можност да одлучуваат каде ќе се насочат парите. Верувам дека многу брзо ова ќе стане стандард во цела држава, потенцираше Шилегов.

Апликацијата „Мое Скопје“ е клучен дел во „Скопје Смарт Сити“ и носи сосема ново ниво на интеракција и информирање. Во оваа фаза апликацијата којашто е веќе достапна на Google Play Store, ќе им понуди на граѓаните: информации од сферата на градскиот живот, настани, случувања и новости, анкети, пристап до апликациите и сервисите на градските институции и преглед на паркинзите на Град Скопје.

Таа подоцна се надополнува со содржини за сообраќајот и јавниот превоз, а ќе може да се пријавуваат инфраструктурни и комунални проблеми. „Мое Скопје“ е иновативен, информативен и интерактивен канал за комуникација со граѓаните, кој преку постојани анкети и прашалници им овозможува на граѓаните да одлучуваат за градските прашања и да го насочуваат градот кон нивните приоритети.

– Со Скопје Смарт сити, Скопје станува град без шалтери! Скопје сите услуги ќе ги дава онлајн и со тоа станува првиот целосно дигитализиран град во регионот. Сите плаќања и сите документи ќе бидат достапни на интернет или на телефонот на граѓаните. Освен ова, секој граѓанин може да следи како градот работи, до каде е неговото барање, до каде е секоја постапка и сето тоа да му биде достапно во секое време на својот телефон, додаде Шилегов.

– Преку овој проект се поставуваат 10.000 нови лед светилки со што Скопје добива совршено осветлени и безбедни улици, вело патеки и тротоари. Со паметното осветлување, Град Скопје заштедува 1,3 милиони евра годишно на електрична енергија. Овие пари кои ќе се пренаменат за директна финансиска поддршка на граѓаните од различни групи, нагласи Шилегов.

– Некои мои конкуренти сакаат да кажат дека не се политичари и дека нив политиката не ги интересира. Но мене преку политиката единствено ме интересираат луѓето. Тие се над политиката. Затоа јас им ја давам моќта на граѓаните тие да одлучуваат. Ова беше мојата цел од првиот ден кога влегов во политиката и ова денес во Град Скопје станува реалност, заклучи Шилегов на крајот на денешната прес-конференција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.