Емисијата ПРОЦЕС го анализира случајот на Слободанка Петровска која не може да си ги оствари своите граѓански права бидејќи на име на нејзината фирма која е ликвидирана уште пред 10 години, се уште пристигнуваат сметки за радио-дифузна такса.
Таа е самохрана мајка, без работа- и токму заради овој проблем не може да се пријави во Агенцијата за вработување, ниту да прима социјален додаток.
Администрацијата во Министерството за финансии нестручно се фокусирала на случајот, а во МТВ воопшто не ги примаат нејзините молби. Сметките и понатаму пристигнуваат.