НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пријавена корупција во штипска апелација, Судскиот совет ќе утврдува одговорност на судиите откако ќе прими барања од оштетените

0
By Ivana on October 5, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претставници на граѓанската иницијатива „Стоп за криминалот во судството“ денеска во Судскиот совет пријавија корупција во Апелациониот суд Штип и во Врховниот суд. Тие, како што информираат од Судскиот совет, на денешниот состанок ја известија претседателката на Судскиот совет Павлина Црвенковска и членовите на советот за конкретни случаи од подрачјето на Апелациониот суд Штип во кои посочија дека имало криминал и корупција и споменаа конкретни имиња на неколку судии од Основниот суд Штип, од Апелациониот суд Штип и од Врховниот суд.

-Граѓанската иницијатива презентираше свои докази во врска со неколку судски случаи преку кои тврдат дека одредени поединци, судии и адвокати, имаат создадено мрежа и со местење на пресуди заработуваат, а парите, според тврдењата на иницијаторите, завршуваат кај поединци. Во прилог на нивните тврдења дека судии незаконски се збогатувале приложија податоци за имотната состојба на некои судии од кои се гледа дека несразмерно се богателе во последните години, а при тоа примале само месечна плата за судиската функција, велат од Судскиот совет.

По изнесените сериозни обвинувања на граѓанската иницијатива, составена од искусни бизнисмени, чии фирми настрадале во судските процеси, додаваат,  претседателката на Судскиот совет ги извести дека имаат можност да поднесат барања за утврдување одговорност на судиите за да може советот да постапува и да утврди евентуална повреда на законите и неодговорно постапување.

За другиот дел, евентуалната кривична одговорност на посочените судии, надлежно е јавното обвинителство, до кое, како што истакнаа на средбата, бизнисмените веќе поднеле пријави, а дополнително подготвуваат и нови.

-Судскиот совет ќе направи се што е предвидено според законските можности да се расчистат сомнежите во овие, но и во други случаи што ќе ги пријават граѓаните. Судскиот совет постојано постапува по барањата за утврдување одговорност кај судиите, доколку тие барања се поднесени навремено и имаат содржано докази, порачуваат од Судскиот совет.

Иницијативата „Стоп за криминалот во судството“ е формирана во Штип од страна на десетина бизнисмени, сопственици на компании, кои имаат и по неколку судски случаи во кои сметаат дека биле финансиски оштетени. Затоа го повикаа Судскиот совет, да врши мониторинг на судските процеси во кои била очигледна корупцијата, со цел да ги попречи судиите во криминалот, а на граѓаните и на фирмите да им овозможи полесен пат до правдата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.